Кривична за малолетник кој продавал марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради сомнение дека во текот на месецов, неовластено набавил и  подготвил за улична продажба поголема количина на марихуана.

Пријавениот од засега непознато лице неовластено набавил поголема количина на марихуана, по што ја однел во неговиот дом, а потоа ја препакувал во полиетиленски кесички кои ги подготвувал за улична продажба и планирал да ја продава на уживатели. По превземени мерки од страна на полициски службеници на 25.01. истиот бил забележан во непосредна близина на неговиот дом и при извршеното легитимирање и личен преглед, кај него е пронајдена поголема количина на марихуана, спакувана во едно најлонско кесе.

Истиот бил приведен и со него извршен е разговор во присуство на родител, а со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом при што било пронајдено едно најлонско кесе во кое имало 12 помали полиетиленски паковки со марихуана. По извршеното вештачење на кесата пронајдена при личниот преглед и 12-те полиетлински пакувања пронајдени при претресот во неговиот дом било утврдено дека пронајдениот и одземениот материјал била марихуана со вкупна маса од 440,34 грама.

Од страна на  Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.