Кривична за напаѓачите на Тодор Петров

Полицијата денеска поднесе кривична пријава против напаѓачите на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Станува збор за Е.Б., А.Е. и А.Б. кои се товарат за физички напад на Петров во угостителскиот објект „Казабланка“, на 27 февруари годинава.

Како што соопшти МВР, по сослушувањето, Е.Б. и А.Е. се уапсени, па ослободени со обврска утре да се јават кај Јавниот обвинител.

Овие и уште неколку лица денеска беа сослушани во полициската станица „Бит Пазар“.

Изјавиле дека на 27. февруари буле присутни во угостителскиот објект каде што се случил кривичниот настан.

Во присуство на Јавен обвинител, извршено е соочување меѓу Т. П и Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34).  Притоа, Т. П. ги посочил Е.Б. и А.Е. како лица кои биле во групата која физички го нападнала на 27 февруари во „Казабланка“ заедно со А.Б..