Кривична за охриѓанка – узурпирала земјиште и го изнајмувала како паркинг

Четириесет и четири годишната охриѓанка В.К.В. заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“.

Како што информираат од МВР, во текот на 2015 година пријавената во катастарска општина Мислешево узурпирала 599 метри квадратни државно земјиште лоцирано покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан, притоа оградувајќи го и со насипување на песок, со што овозможила пристап од магистралниот пат до имотот, кое подоцна го изнајмувала како паркинг простор.