Македонија,Крими хроника

Кривична за претседателот на Извршниот одбор во здружението на пензионери Неготино

Кривична за претседателот на Извршниот одбор во здружението на пензионери Неготино

Кривична пријава заработи 70-годишен неготинец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информира МВР, П.З. во својство на претседател на Извршниот одбор и Собрание во здружението на пензионери Неготино, пред истекот на неговиот  мандат без да бидат одржани седници и без да бидат избрани членови истиот ден закажал и одржал седница на која биле извршени избори на органите и телата на здружението, а со тоа си овозможил да биде повторно реизбран за Претседател на Собранието и на Извршниот одбор.