Кривична за прилепчани: И платиле за да преземе задолжена фирма

Кривична пријава заработија двајца прилепчани. Како што соопштува МВР, прилепчаните на нивна соѓраганка и платиле за да преземе задолжена фирма.

И платиле за да преземе задолжена фирма

Кривична пријава заработи 44 годишниот А.Д. од село Дебреште-прилепско. Лицето се товари дека сторило кривични дела „измама“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оштетување или повластување доверители“ и „фалсификување исправа“.

Кривична пријава зарадоти и 40-годишниот М.К. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

И платиле за да преземе задолжена фирма
И платиле за да преземе задолжена фирма

А.Д. како сопственик и основач на „Еуролидер туризам“ ДООЕЛ-Прилеп имал неплатени обврски кон УЈП и кон други доверители во вкупен износ од 5.020.296 денари по што му била блокирана и жиро сметаката од 2007 година. Со цел одбегнување на обврските за плаќање на долгот, на М.К. му платил 800 евра за да пронајде лице кое ќе го го регистрираа како управител на правниот субјект. По ова истиот искористувајќи ја тешката материјална состојба на Р.Д. од Прилеп  и ветил дека ќе и даде 1000 евра и истата кај нотар во Прилеп потпишала документација за превземање на фирмата, без да знае дека со тоа презема и обврски и кон долгот, соопшти МВР.