Кривична за прилепчани: Нашле картичка и пазареле од „Али Експрес“

Тројца прилепчани заработија кривична пријава. На банкомат нашле платежна картичка и со истата пазареле од „Али Експрес“.

Б.А. (23), М.Д. (21) и М.П. (27), сите од Прилеп, се товарат дека сториле кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Б.А. на 10 јануари на банкомат пронашол платежна картичка која сопственикот ја заборавил и заедно со второ и трето пријавените од интернет продавницата „Али експрес“ во неколку наврати извршиле нарачки на производи, со што причиниле штета на сопственикот на платежната картичка во износ од 29.908 денари.