Кривична за раководителот на националниот парк „Маврово“

Кривична пријава е поднесена против раководителот на националниот парк „Маврово“. Четириесет и осум годишниот Ф.Х. од Гостивар, раководител во ЈУ ,,Национален Парк Маврово се товари дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Kривична пријава е поднесена и против А.М. (33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Како што информираат од МВР, Ф.Х. во својство на одговорно лице во националниот парк, на штета на ЈУ Национален Парк Маврово, искористувајки службена положба постапил спротивно Законот за Шуми,  незаконски му потполнил и извадил дозвола на А.М. за сеча на вкупна дрвна маса два кубни метри.

А.М. бил забележан од страна на полициски службеници како со помош на трактор пренесува огревни дрва кои биле без шумски жиг и одобрение за сеча.