Кривична за скопјанец кој дилал хероин и метадон

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против скопјанецот Б.Ш.(25), поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотици, во најголема количина хероин.

На Б.Ш. му е одреден притвор во времетраење од 30 дена.

Како што соопшти МВР, Единицата за недозволена трговија со дрога акцијата ја спроведе по претходно добиено сознание дека пријавениот, во текот на месец јуни 2015 година, од засега непознато лице набавил поголема количина хероин и повеќе шишиња метадон, кои ги продавал на уживатели од Скопје.

По наредба од Судија на претходна постапка од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени 12,57 грама хероин, спакуван во 13 полиетиленски паковки, девет шишиња метадон од по 10 мл, четири шишиња хептанон од по 10 мл и една дигитална вага на која по извршеното вештачење се детектирани траги од хероин, посочуваат од МВР.

Хероин пронајден во дупло дно на Табановце

Mеѓународен канал за шверц со дрога пресече Министерството за внатрешни работи – Секторот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа. При претрес бил пронајден хероин во поголема количина, а од слобода се лишени две лица македонски државјани.

Хероинот бил пронајден на граничниот премин Табановце во вторникот околу 20,40 часот на излез од Република Македонија. По претхоно добиено сознание во автобус кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн Швајцарија од страна на царински службеници извршен е претрес и преглед на патници и багаж  при што во дупло дно на куфер со залепена карта за багаж на рачката, во сопственост на патникот А.П.(54) од Кичево бил пронајден хероин.

Дрогата била спакувана во 4  црни најлонски  пакувања, а подоцна било утврдено дека се работи за наркотична дрога хероин.

Хероинот бил пронајден во куфер со дупло дно

Како што денеска соопшти МВР, А.П. за одреден паричен надомест од 1.500 евра бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од страна на лицето М.Ј.(35) од Гостивар, кој бил организатор на транспорт, а исто така патувал во истиот автобус и седел во непосредна близина на лицето  транспортер.

Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ,  за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од еден килограм и 258 грама.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога до  Основното Јавно обвинителство-Куманово  поднесена е кривична пријава против двете лица за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Канал за хероин разбиен во Грција

Канал за шверц на хероин минатата недела е разбиен во Грција од страна на силите за безбедност. Хероинот доаѓал од Турција.

Полицијата привела седум лица, кои пренесувале наркотици со автомобил, опремен со специјални тајни прегради. Властите идентификувале уште 11 лица, за кои се смета дека припаѓаат кон криминална група.

Во рации во Атина, Солун, Халкидики и Јанина биле одземени 20 килограми хероин и три автомобили.

Очекуваниот профит од продажба на дрогата се пресметува на 400.000 евра. Меѓу уапсените има и Албанец со наредба за апсење издадена од Интерпол.

 

 

Повеќе на оваа тема прочитајте на следниов ЛИНК.