Кривична за скопјанка која подметнувала пожари во дојранско

Полицијата поднесе кривична пријава против 49 годишната Т.Б. од Скопје поради предизвикување општа опасност.

Истата е осомничена дека на 4-ти месецов на локалниот пат од село Фурка кон патот Дојран-Валандово, на три места подметнала пожар при што биле опожарени околу осум хектари површина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.