недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Кривична за судија од Охрид кој земал мито

Кривична пријава е поднесена против судија од Охрид. Педесет и шест годишниот Р.С. од Охрид, вработен како судија во Основен суд Охрид, се товари дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

vrhoven sud

Последни вести

Кривична пријава е поднесена против судија од Охрид.  Педесет и шест годишниот Р.С. од Охрид, вработен како судија во Основен суд Охрид, се товари дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

Пријавениот, како што информира МВР, во понеделникот како судија во во судски граѓански предмет, од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп  од 5.000 денари.

Судијата ова го направил со цел, во рамките на своето службено овластување, за истиот граѓански предмет да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво.

Најчитани вести