Кривична за технички директор и инжeнер во ЕЛЕМ Битола

СВР Битола поднесе кривична пријав против Н.Т.(50) технички директор во ЕЛЕМ Подружница РЕК Битола и М.Д.Ј.(46) инженер во таа подружница поради основaно  сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), во јуни годинава Н.Т. со свој потпис заверил записници за извршена работа од страна на фирмата ДОО ЕКО Теам Скопје на повеќе часа, иако знаел дека активностите се завршени за пократко време, овозможувајќи му на правното лице да се стекне со 141.570 денари.

Пријавената М.Д.Ј., пак, во записниците за извршена работа впишала повеќе работни часови од реалните, наведува во денешниот Билтен МВР.