Кривична за тројца скопјани осомничени за разбојништво

леварот „Мајка Тереза“ во маркетот „Пингвин ММ компани“, на тој начин што застанале во кругот од Клиничкиот центар, во просторот од клиниката за метадонска терапија и оттаму го надгледувале маркетот. Пријавениот М.А. на А.Т. му ја дал неговата јакна и пиштол со кој тој влегол во маркетот каде на вработената со закана и употреба на сила од регистар касата и одземал 17.600 денари. Оттаму сите тројца отишле дома кај П.Ј. каде што ја оставиле јакната  која А.Т. ја носел за време на извршување на кривичното дело, а одземените пари си ги поделиле и ги потрошиле за свои потреби.

Истиот ден откако се сретнале на железничката станица во населбата Аеродром сите тројца по полноќ се качиле во автобус na ЈСП број 57 и се договориле да извршат разбојништво на бензинска пумпа на „Макпетрол“ во населбата Козле. Откако дошле во близина на бензинската пумпа, се појаснува во соопштението, пријавените А.Т и П.Ј. се маскирале и влегле во безнинската пумпа, додека  М.А. останал да ги чека надвор. Првопријавениот со пиштол во рацете испукал еден куршум во воздух и  со закана кон вработените им побарал да му ги дадат парите од дневниот промет. Откако ги одзеле паричните средства избегале  во правец кон студентскиот дом „Гоце Делчев“, но на улицата „Јуриј Гагарин“ биле забележани од страна на полициски службници. И покрај тоа што им била издадена наредба да застанат,  тие продолжиле да бегаат. Првопријавениот влегол во влез од една од зградите и се искачил на последниот кат. По кратко време, тој бил совладан од полициските службеници од ПСОН Карпош. Останатите двајца пријавени се упатиле во правец кон булеварот „Илинден“ каде од страна на друг полициски службеник во близина на мостот „Гоце Делчев“ кај Владата на Република Македонија биле забележани и П.Ј. бил фатен и приведен во ПСОН Карпош.

Со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во домовите на пријавените при што во домот на П.Ј. пронајдена е јакната со која е извршено разбојништвото во маркетот „Пингвин ММ компани“.

На 30 октомври годинава во ПСОН Карпош  извршен е разговор со пријавените кои  го признале и појасниле начинот на кој ги извршиле кривичните дела.

Сите три лица се познати сторители на кривични дела.