Кривична за тројца скопјани за криумчарење мигранти

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А. (23) и Џ.А. (27), двајцата од скопското село Арачиново и против Н.Б.(38) од скопското село Блаце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Како што информира денеска МВР, на 22 јуни годинава околу 6 часот во близина на селото Меџитлија, полициски службеници во возилата „БМВ“ со скопски регистарски ознаки и „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, кои ги управувале пријавените, пронашле девет илегални мигранти од Авганистан.

Мигрантите се предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.