понеделник, 12 декември 2016  |  Вести денес: 13

Кривична за тројца скопски бизнисмени

Кривична пријава заработија тројца познати скопски бизнисмени. Покрај нив, кривична пријава е поднесена и против едно лице од Пехчево. Истите се товарат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „предизвикување стечај со несовесно работење“ и „оштетување или повластување на доверители“.

krivicna (1)

Последни вести

Кривична пријава заработија тројца познати скопски бизнисмени. Покрај нив, кривична пријава е поднесена и против едно лице од Пехчево. Истите се товарат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „предизвикување стечај со несовесно работење“ и  „оштетување или повластување на доверители“.

Полицијата од Штип до Обвинителството во Кочани поднесе кривична пријава против Г.С.(60), Д.И.(66), Н.С.(31) тројцата од Скопје и Т.А.(58) од Пехчево.

Прво и второ пријавените како неизвршни членови на одборот на директори и третопријавениот управител на правното лице „Напредок“ АД Пехчево , со искористување на својата службена положба и овластување, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, на 22.07.2011 година донеле одлука за продажба на подвижен и недвижен имот, а потоа третопријавениот, како извршен член на одборот на директори, спроведувајќи ја наведената одлука, извршил продажба на имотот на „Напредок“ АД Пехчево и добиените парични средства неосновано повикувајќи се на непостоечки позајмици од сметката на „Напредок“ АД Пехчево ги префрлил на трансакциски сметки и тоа на првопријавениот и второпријавениот и на ќерката на второпријавениот, како и на трансакциските сметки на правните лица ,,Политехна“ , Благоје ДООЕЛ Скопје  и на Леа-Д ДОО Скопје. Со тоа на незаконит начин се префрлени парични средства во вкупен износ од 11.805.194 денари, а  на штета на правното лице ,,Напредок“ АД Пехчево.

Трето и четврто пријавените со непреземањето на нивните законски обврски за наплата на доспеани побараувања во износ од 40.504.098 денари како и со обезвредување на имотот преку признавањето на горенаведените фиктивни позајмици дозволиле друштвото да стане инсолвентно со што предизвикале над истото да се отвори стечајна постапка.

Така, трето пријавениот знаејќи дека правното лице „Напредок“ АД Пехчево станало неспособно за плаќање со намера да ги изигра и оштети доверителите кои во септември 2011 година имале доспеани побарувања, признавајќи невистинити позајмици, сите парични средства од продажбата на недвижниот имот на „Напредок“ АД Пехчево, ги префрлил на  трансакционите сметки на прво и второ пријавените како и на сметки на нивни блиски фирми.

Најчитани вести