Кривична за вработен во кумановски Катастар поради злоупотреба на должност

СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и едногодишниот З.В., референт во Агенцијата за катастар на недвижности под сомнение дека ја злоупотребил својата положба и овластување, а воедно и фалсификувал службена исправа.

Пријавениот од 02.11. до 10.11.2011 година, постапил спротивно на службеното овластување при што на С.М. (57) од Куманово, по претходен усмен договор, оформил два предмета за наводна исправка на техничка грешка по службена должност. По ова, девет катастарски парцели во с.Дејловци со вкупна површина од 65.583 м2, кои биле во сопственост на повеќе лица, без никаков правен основ ги впишал како сопственост на С.М. и ги спровел во електронскиот систем на катастарот на РМ префрлувајќи ги на имотен лист на С.М.