Кривична за вработена во Пошта – Си ја присвоила туѓата инвалиднина

Кривична пријава е поднесена против 56-годишната Б.А. од село Чешиново, водител – шалтерски работник во АД „Македонска Пошта“- Скопје, подружница Кочани.

Истата се товари дека извршила „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информира МВР, на 31.05.2016 година, пријавената искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорила границите на своите овластувања на тој начин што паричните средства наменети за исплата на инвалиднина на едно лице од с. Жиганци, наместо да ги исплати на примачот или лице ополномоштено од него, ги задржала за себе, на начин што откако констатирала дека на трансакциската сметка на оштетената се префрлени парични средства за исплата на ивалиднина, на предходно пополнет налог за исплата на готовина, своерачно го впишала износот од 7.469 денари, по што го подигнала наведениот паричен износ и го присвоила за себе.