Кривична за радовишани кои ја злоупотребиле функцијата

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Кривична пријава е поднесена против Љ.П.(65) од Радовиш, претседател на Здружение на возачи-Радовиш поради сомнение дека ја злоупотребил службена положба и фалсификувал исправа, В.Г.(63) од Радовиш, секретар во Здружение поради сомнение дека ја злоупотрбил функцијата, П.Г.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

Првопријавениот како претседател на здружението донел одлука за исплата на авансни парични средства-позајмица од 600.000 денари кон правен субјект од Радовиш сопственост на неговиот син иако согласно статусот на здружението одлука донесува извршниот одбор. Прво пријавениот во март 2015 година, изготвил записник и одлука за наводно одржана седница на претседателството на здружението кои ги употребил како вистинити, а второпријавениот кој бил задолжен за водење на записници иако знаел дека не постои одлука за исплата на средствата, извршил исплата на парични средства кон правниот субјект, додека третопријавениот кој бил задолжен за водење на архивата со службен печат ги заверил фалсификуваните исправи од првопријавениот и заверените акти не ги евидентирал во деловната книга иако бил должен да го стори тоа.