Кривични и домашен притвор за две лица за демолирањето на канцеларијата на Иванов

Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов
Демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов

Кривична пријава е поднесена за двајца скопјани за учество во протестите од средата кога беше демолирана канцеларијата на Иванов.

Како што инфомираат од МВР, Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предала Н.А.  (30) и Ф.Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека завчера (13.04.) за време на одржување на ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2.000 граѓани, учествувале во толпа при што фрлале тврди предмети, го кршеле инвентарот и извршиле други оштетување на надворешноста и внатрешниот дел на објектот на народната канцеларија на Претседателот на РМ, предизвикувајќи значителна материјална штета со што сториле кривично дело  „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

За стореното кривично дело,  предвидено и казниво по член 385 од КЗ, од страна на Судија на претходна постапка на двајцата пријавени, кои и досега се кривично пријавувани за кривични дела проследени со насилство,  им е изречена мерка-домашен притвор во траење од по осум дена.