Кривични пријави од граѓани: Обвинители на Јанева им вршеле тортура

„До гуша си заглавен во кал и ако не соработуваш ти следи затвор“- вака најчесто им се обраќале соработниците на Катица Јанева за кои граѓаните пријавуваат дека ги сослушувале лица кои биле вооружени и намерно оставале да им се гледа оружјето за време на разговорот. Со ова сакале да предизвикаат кај нив чувство на страв.

Обвинителите од тимот на Катица Јанева продолжуваат да вршат тортура врз граѓани, објавува Денешен.

Порталот пишува дека граѓаните кои се повикувани од СЈО се повеќе се охрабруваат да пријавуваат дека се жртви на вербално малтретирање.

Поднесени се и нови кривични пријави за малтретирање во вршење на служба по член 143 од Кривичниот законик против лица од тимот на Јанева.

Станува збор за лица главно од Свети Николе кои биле повикувани на разговори и кои се жалат дека од соработниците на Јанева биле уценувани, понижувани и заплашувани. Ги терале под присила да дадат и потпишат изјави кои се невистинити и зад кои не стојат, објави порталот.

„Денешен“: Од СЈО била вршена тортура врз повеќе лица

Голем број на граѓани се охрабрија да го пријават незаконското работење на СЈО и поднесоа кривични пријави во кои тврдат дека обвинителите на Јанева врз нив вршеле силен притисок, им се заканувале и ги заплашувале без присуство на адвокат и без вклучени камери.

„Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.

Кривични пријави од граѓани: Обвинители на Јанева им вршеле тортура
Кривични пријави од граѓани: Обвинители на Јанева им вршеле тортура

На ваков начин се обраќале обвинителите подредени на Катица Јанева кон лицата повикани на разговор. Надвор од секаква процедура пропишана со закон, крајно пристрасно и политички, овластените соработници на Катица Јанева во недостаток на докази вршеле брутални притисоци за да изнудат изјави и искази кои не кореспондираат со фактичката состојба.

Спротивно на законот, членови на тимот на Катица Јанева се јавувале на приватни телефони и испраќале пораки, повикувајќи лица во ресторани или на паркинзи. На едно од повиканите лица, дури е нуден и поткуп за да даде исказ во согласност со насоките кои ги добиле од нивната претпоставена.

Ваквите незаконски дејствија, резултираа со неколку кривични пријави. Првата по службена должност против вработен во МВР заради „незаконско влијание врз сведоци“, поднесена против вработен во МВР кој имал чести контакти со тимот на Катица Јанева и Оливер Спасовски. Вработениот кој изминатиов период беше метеорски унапреден од Спасовски, се обидел со пари да го подмити повиканото лице да биде сведок на Катица Јанева.

Вработениот во МВР…