Кривични пријави против три лица за криумчарење мигранти

МВР вчера издаде 649 потврди на мигранти
МВР вчера издаде 649 потврди на мигранти

Во текот на минатата недела МВР расчисти три одвоени случаи на криумчарење мигранти при што до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против три лица.

Кривични пријави се поднесени против А.Р. (51) од Студеничани, скопско, Б.Ј (27) државјанин на Република Труција и Х.Ј. (40) државјанин на Република  Албанија. Од страна на Судија на претходна постапка на А.Р. и Б.Ј. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена, додека на Х.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено во првиот случај во близина на тунелите кај Демир Капија, при разминување од страна на полициски службеници забележано е патничко моторно возило марка Ауди 100 со скопски регистарски таблички кое се движело во правец Гевгелија-Скопје во кое се превезувале мигранти.

По забележувањето, униформираните полициски службеници свртеле и се упатиле по наведеното патничко моторно возило и кога го пристигнале, возилото било застанато и од него се истоварале илегални мигранти кои откако ги забележале полицајците се дале во бегство. На местото на настанот затекнат е возачот на возилото, А.Р. и еден од илегалните мигранти од Сирија.

Вториот случај е реализиран на граничниот премин „Богородица“ каде што за влез во Република Македонија се пријавило патничко моторно возило марка „Опел Виваро“ со германска национална ознака управувано од пријавениот Б.Ј. При извршена  контрола од царинскиот работник, возилото е издвоено за детален преглед при што во средниот дел на возилото, под патосот е откриен специјално направен бункаер, во кој биле сместени двајца сириски илегални мигранти со намера да бидат превезени до Германија.

Во третиот случај од страна на полициски службеници во близина на село Прдејци на автопатот Гевгелија-Скопје било забележано ПМВ “Мерцедес“ со албански национални ознаки управувано од пријавениот Х.Ј. како во возилото влегува група илегални мигранти. Набргу возилото е сопрено и во него се откриени десет илегални мигранти од Сирија, меѓу кои и четири деца. Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје.