Кривични пријави за две лица за убиството во Струшко

Кривични пријави се поднесени за убиството во струшко. Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(45) и Е.Б.(30) двајцата од село Велешта и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“.

Пријавените се осомничени дека на 13.12.2015 година, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од село Долна Белица, а го раниле неговиот брат П.И.(18) од село Долна Белица.

Престрелка поради нарушени меѓусебни односи

Во меѓусебна престрелка меѓу две групи во струшко, едно лице го загуби животот, а двајца се повредени. Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на лице место за настанот кој се случил во неделата околу 22.00 часот, на локалниот пат Струга – Долна Белица.

Еден од повредените беше пренесено на лекување во струшката болница, додека пак другото поради тежината на повредите е пренесено на лекување во Скопје.

Престрелката се случила кога на група лица било пукано од возило во кое се наоѓале неколкумина. Првичните сознанија за причината за настанот се меѓусебните нарушени односи.