Кривични пријави за тројца кумановци за демолирање ресторан

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.

Дваесет и пет годишниот Е.З., на први јануари годинава, во ресторан во село Слупчане, физички го нападнал Г.А. и со стаклена чаша го удрил по глава и го повредил.

Дваесетгодишниот М.С. и триесет и две годишниот Ф.А. го кршеле инвентарот во ресторанот.