Кривични за 11 лица во акцијата „Гора“

Кривични за 11 лица во акцијата „Гора“
Кривични за 11 лица во акцијата „Гора“

Единицата за економски и компјутерски криминал во март поднела 11 кривични пријави против 11 лица  за сторени  11 кривични дела од кои осум дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно дело „пустошење шума“. Кривичните пријави единицата ги поднела постапувајќи по ОА ГОРА.

Како што соопшти МВР, во врска со кривичното дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ кривично се пријавени лицата Ф.Ш. (32), А.М. (30), М.Д. (58), С.Ш. (37), М.Н. (27), И.М. (50), Н.С. (33) и А.Д. (27). Пријавените во повеќе наврати со товарни возила вршеле транспорт на дрва, иако непоседувале лиценци за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадени од Министерството за транспорт и врски.

За кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ кривично се пријавени лицата З.Г. (55) и С.Д.(51) и двајцата вработени како шумски полицајци во Шумска полициска станица Скопје. Тие иако како дел од шумско-полициска патрола извршиле во повеќе наврати контрола, и констатирале прекршоци согласно постоецките нормативи, сепак на прекршителите им ги вратиле товарните возила и дел од дрвната маса.

Исто така за кривичното дело „пустошење на шума“ пријавен е Н.Б. (48) кој што во атарот на општина Сарај противправно сечел дрвна маса од туѓа катастарска парцела.