вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Кривични за кавадарчани – Со мотоцикли влетале во кафе бар

Кривична пријава заработија тројца кавадарчани кои со мотори влетале во кафе бар . Тие се товарат дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“.

mvr-kje-vraboti-600-novi-policajci

Последни вести

Кривична пријава заработија тројца кавадарчани кои со мотори влетале во кафе бар . Тие се товарат дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Исто така против нив ќе биде поднесено и барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок во делот на јавниот ред и мир „карање, викање, дрско и непристојно однесување“. За ова денеска информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

На 28 јуни во времето од 00.25 до 00.50 часот  во кафе бар „Рома кафе“ лоциран на улица  „Илинденска“  бб во Кавадарци,  лицата М.Ј (1981), В.Ј. (1985) и Р.Е. (1978) сите од Кавадарци, предизвикале општа опасност на место каде што се собираат поголема група на граѓани и се однесувале дрско и непристојно, на тој начин што  со мотори влегле во кафе барот каде ги паркирале и при тоа правеле бучава, изјави Стојковска.

Лицата биле повикани во полициската станица во Кавадарци и во тек е документирање на случајот.

На пријавените издадени им се прекршочни платни и мандатни налози за сторени повеќе прекршоци од делот на сообраќајот како „движење со возило преку површина наменета за пешаци“, „управување нерегистрирано возило“, „управување возило со неположена соодветна категорија за возилото“, соопшти Стојковска.

Најчитани вести