Kривични за тројца осомничени за сторени 31 кривично дело

Kривични за тројца осомничени за сторени 31 кривично дело
Kривични за тројца осомничени за сторени 31 кривично дело

НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против лицата Т.А. (38) од Кочани и E.А.(23) од Македонска Каменица, како и известување до Основното јавно обвинителство-Струмица против петнаесетгодишник од Виница поради постоење основи на сомнение дека сториле 31 кривично дело во периодот од 1 декември 2014 година до 17 јануари годинава.

Од вкупниот број извршени кривични дела 25  се „тешки кражби“ , две кривични дела се „кражба“ и четири кривични дела „одземање на моторно возило“. Имено, првопријавениот Т.А. заедно со малолетникот учествувале во извршување на сите кривични дела, а додека второпријавениот Е.А. учествувал во извршување на 12 кривични дела, соопшти денеска МВР.

По преземени оперативни тактички мерки и активности на 17 јануари годинава околу 15 часот во атар на радовишкото село  Дамјан, фатени се и лишени од слобода Е.А. и петнаесетгодишникот, а додека Т.А. не е пронајден и по него е распишана потерница. При лишување од слобода кај наведените лица се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени пари во разни банкноти и монети, златник, мобилни телефони и многу други предмети.

Објект на напад на групата, се појаснува во соопштението, биле манастири, цркви, продавници, стан, патнички моторни возила и винарска визба. Делата ги извршувале на начин што со погоден алат и секира ги разбивале влезните врати, ги кршеле катанците, кршеле стакло од врати и прозори. На тој начин сторителите се стекнале со противправна имотна корист од 431.450 денари.