Кривичниот совет ги отфрли прислушуваните материјали како неосновани

Прислушуваните материјали се неосновани и според Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1.

Кривичниот совет ги одби жалбите на обвинителите и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка со којашто прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат, соопшти Судот.

Со оваа одлука на кривичниот совет „бомбите“ од опозицијата не можат да се користат како докази во постапката.

Одлуката на Кривичниот совет следи откако претходно Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.