Кривично пријавени за разбојништво осум тетовски малолетници и шест од Скопје

Полицијата поднела кривични пријави за делото „разбојништво“ против осум малолетници од тетовско, како и за уште шест исто така малолетни лица од Скопје, извести во вторникот Министерството за внатрешни работи.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против малолетници, по двајца на возраст од 14 и 15 години и четири на
возраст од 13 години, од селото Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Имено на 12-ти октомври е на Полициската станица во селото Камењане, од страна на родителите на тројца ученици во второ одделение во основното училиште „Абдил Фрашери“ во село Боговиње, било пријавено дека нивните деца секој ден околу еден месец биле малтретирани од страна на пријавените. Пријавените секој ден ги носеле оштетените зад училиштето каде им ги земале парите и ги тепајќи ги и задавајќи им видливи повреди.

Истовремено СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против шест малолетници, од кои пет се на возраст од 15 и еден на возраст од 16 години, од Скопје кои се осомничени дека извршиле две разбојништва.

Двете дела за кои се товарат, малолетните деликвенти ги извршиле во Градскиот трговски центар, првото на 7-ми ноември, а второто на 24-ти месецов. Тие им приоѓале на оштетените и со закана со физичка сила, од едниот оштетен одзеле два мобилни телефона, а од другиот 7.600 денари и картичка за градски превоз.