Кривогаштани доби градинка за првпат

 Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски, денес отворија градинка во Кривогаштани, за првпат во ова населено место.

Спасов изрази задоволство што се реализира соработката на Министерството со општината за новата детска градинка.

„Се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опремаза оваа прва детска градинка во
Кривогаштани. Ова е заеднички успех, зашто изнајдовме начин и средства со заедничка инвестиција од вкупно 5 милиони денари да се создаде овој нов исовремен објект“, изјави Спасов.

Капацитетот на градинката е за 50 деца. Со оваа градинка се создава нов капацитет во општината но и услови за правилен раст и развој на децата од предучилишната возраст.

Минатата година со помош на Министерството за труд и  социјална политика во општина Кривогаштани се отворени
дисперзираните канцеларии на Центарот за вработување и на Центарот за социјална работа.

„Во иднина ќе продолжиме да ги доближуваме институциите и услугите до жителите на оваа општина, но и да создаваме нови капацитети како што е оваа детска градинка“ рече Спасов.

Според градоначалникот Тони Заткоски, општината е благодарна нод успешната соработка соМинистерството, градинкката штое веднаш до основното училиште „Манчу Матак“ е веќе исполнета.

„Во иднина планираме да отвориме детска градинка и воселото Обршани кое е едно одпоголемите во општината“ изјави Заткоски.