Кривогаштани наскоро ќе добие пункт на Итна медицинска помош

Работник загина во Гевгелија

До 30.11.2014 година секој оној кој што има непрекинат договор преку кој се примаат надоместоци во период од најмалку три месеци во институцијата каде што лицето работи и тој договор е важечки до денот на стапување во сила на Законот ќе ги исполнува условите за трансформација во редовен работен однос. Поради фискалните импликации кои што ќе ги предизвика овој Закон, предвидени е одредена динамика за трансформација во редовен работен однос на лицата кои што ги исполнуваат условите. Нашите предвидувања се со овој закон да бидат опфатени околу 3000 лица.

Ова на денешата собраниска седница го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Димитар Стевананџија.

Во врска со отпочнувањето со работа пунктот на Итната медицинска помош во Кривогаштани, со то граѓаните би добиле поквалитетна услуга, заменик министерот за здравство посочи дека изградбата на просторот за пунктот за Итната медицинска помош е во завршна фаза.

-Нашите планови се до крајот на месец март тој да биде и уреден, потоа да се изврши доекипирање на здравствениот персонал и конечно овој пункт да отпочне со работа, истакна заменик министерот Јовица Андовски.

Пратеникот Стевананџија побара одговор од Пешевски за тоа на кој начин ќе се доделуваат грантовите за иновативните проекти и какви ефекти се очекуваат од програмата на Фондот за иновации и технолошки развој за чија намена се одвоени 600 000 евра.

-Фондот за иновации со оваа програма конечно почнува со својата работа во полн капацитет, чии подготовки траеа речиси две години. Во врска со проектите одобрението ќе го дава еден посебен комитет, посебна комисија која што ќе биде составена исклучиво од странски експерти. Таргет групата на овој Фонд за иновации ќе бидат малите и средните претпријатија кои што ќе поднесуваат апликации за износи до 30 000 евра со цел да се помогне во развивање на некој нов иновациски производ или услуга, при што максималното учество на Фондот може да биде 85% од вредноста на трошоците за самата иновација. Нашите очекувања се најмалку 20 – 25 компании да учествуваат во овој проект во првата година и да ги добијат овие средства, посочи вицепремиерот за економски прашања.