Криза или раст во 2014: На кого да му се верува?

Експерти на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и другите меѓународни организации прогнозираат понатамошно закрепнување на светската економија, додека постоја економисти кои предупредуваат од нова криза.

Експертите од ОН, од Конференцијата за трговија и развој, веруваат дека во текот на следната година глобалната економија ќе порасне за три отсто, што е подобро во однос на претходните проценки.

Екомистите на ММФ се поголеми оптимисти, бидејќи сметаат дека следната година е можен раст на глобалната економија од 3,5 отсто, по услов да се остварат проекциите за раст на економската активност во САД, Кина и другите земји кои влијаат на експанзијата на светската економија.

Познатиот американски економист, Нуриел Рубини, изрази сомнеж и можност од озбивање на нова глобална економска криза, бидејќи, според него, тековната година се’ уште не е завршена, а суштинските проблеми во економски најсилните земји се’ уште не се решени.

Рубини, кој е прв од најугледните економисти во САД, предвиде избивање на глобалната финансиска криза, истакнувајќи дека за тоа се виновни огромниот јавен долг, високата невработеност и недоволната инвестициска активност.

Џозеф Штиглиц, еден од низата американски научници, добитник на Нобеловата награда за придонес во економските науки, исто така сметка дека светот се’ упште не ја надмина опасната зона од избивање на нова глобална рецесија.

Пол Кругман, редовен професор на престижниот Пристон универзитет, добитник на Нобелова награда за економија, верува дека идниот економски раст во светот најмногу зависи од брзината на воведување на најсовремени технолошки решенија и се’ помасовна примена на роботиката.

Според прогнозите на релевантните прогнози на релевантните меѓународни институции, економската активност на САД следната година ќе биде повисока од од оваа во која што се предвидува раст од околу два отсто, додека Кина и Индија во 2014-тата може да сметаат на економска експанзија од приближно 7,5 и пет отсто.

Русија, која во текот на минатата деценија, беше меѓу десетте најголеми светски економии, благодарение на огромниот извоз и девизен прилив од нафта и гас во 2014-та, може да смета на скромен раст од еден до два отсто, што е приближно на ниво од оваа година, додека најголемиот број експерти сметаат дека ЕУ и понатаму ќе биде „слаба точка“ на глобалната економија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.