Свет

Криза на полските власти заради тајните снимки

Криза на полските власти заради тајните снимки

Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски изјави дека организирана криминална група стои за истекувањето на тајните снимни од негови приватни разговори со други официјални претставници, кои доведоа до криза во владата, пренесоа медиумите.

Политичкиот магазин „Впрост“ вчера објавил транскрипт од разговорите според кој Сикорски рекол дека сојузот на Полска со САД е „безвреден дури и штетен, бидејќи создава лажно чуство на сигурност“.

Сикорски не негирал дека изнел такви забелешки нити пак понудил докази за своите тврдења дека зад снимките стои организирана група на криминал, но рекол дека се надева дека сторителите ќе бидат идентификувани и наскоро казнети, пренесува АП.

Полскиот политички магазин навел дека добил транскрипт од разговорот меѓу Сикорски и пратениците од владеачката Граѓанска платформа Јацек Ростовски кои до минатата година беше министер за финансии.

Според транскриптот кој магазинот кој поставил, на својот сајт, Сикорски му рекол на Ростовски: „Знаеш дека американско полскиот сојуз е безвреден.“

Сојузот со САД е дури „штетен, затоашто создава лажно чуство на сигурност… Потполно с…ње. Ќе влеземе во судир со Германцире, Русите… а ќе мислиме дека се е супер“ наводно рекол Сикорски, меѓу останатото, пренел вчера Ројтерс.

Ова е втор таков скандал за кратко време кој доведе до повик за пад на владата на премиерот Доналд Туск.

Полското обвинителство минатата недела отворило истрага за илегално снимање на разговорите на министерот за внатрешни работи и гувернерот на централната банка во еден ресторан во престолнината минатата година.

Снимката е направена во јули минатата година во ресторанот „Овл и пријателите“ познат меѓу високите политички претставници заради својата приватност, а објавен во саботата на 14 јуни, во магазинот „Впрост“.

Министерот Бартоломеј Сјенкевиќ разговарал со гувернерот Марек Белки за различни теми од  буџетскот дефицит, коментирање на министрите за финансии и други „шкакљиви“ теми, со што очигледно се нарушува независноста на полската централна банка“, наведуваат агенциите.