Криза во Украина: Тимошенко штрајкува со глад

Украина стана упориште на судирите меѓу Брисел и Москва, предупредува украинскиот премиер Николај Азаров. Кремљ ги отфрла обвиненијата на Брисел дека Москва извршила притисок врз Украина поради договорот со Европската унија.

Поранешната премиерка, Јулија Тимошенко, започна со штрајк со глад, а демонстрантите веќе пет дена го изразуваат своето незадоволство низ улиците

„Претседателот повеќе пати ја кажа нашата позиција. Во овој случај, не е во ред да се говори за било каков притисок“, рекол Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, Русија ќе го почитува и ќе го поздрави секое решение од на Украина, бидејќи тоа е суверено и внатрешно прашање на Украина.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и претседателот на Советот на Европа, Херман ван Ромпуј, издале заедничко соопштение во кои „одлучно ја осудиле руската позиција“, кога е во прашање договорот меѓу Киев и Брисел и изразија подготвеност да и’ објаснат на официјална Москва што е заедничката корист од односите на ЕУ со Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.