понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

Кризата со контаминирани јајца се шири на Франција и Велика Британија

Светската здравствена организација (СЗО- WHO) во големо количество фипронилот го смета за умерено токсичен.

jajca fipronil

Поврзани вести

Франција и Велика Британија се зафатени со кризата со фипронил, по испораката на јајца контаминирани со овој инсектицид во Холандија, каде што повеќе милиони кокошки ќе бидат усмртени.

Големите димензии на скандалот на виделина излезе минатата седмица во Холандија, каде што се блокирани 180 одгледувалишта на живина додека нивото на фирпронил, супстанција којашто се користи против црвените кокошкини вошки ги надминало прагот кој го одредува европското законодавство.

Светската здравствена организација (СЗО- WHO) во големо количество фипронилот го смета за умерено токсичен. Строго е забранет кај животни наменети за исхрана на луѓето.

Кризата потоа се прошири на Германија, Швајцарија и Шведска, каде што милиони јајца од Холандија, којашто има околу 50 милиони кокошки несилки, се уништени или вратени.

„Бројот на јајцата е многу ограничен, на 21.000, и опасноста за јавното здравје е многу мала, но итно го истражуваме распределувањето на тие јајца во Велика Британија“, прецизираше во понеделникот британската агенција за безбедност на храната.

„Тринаесет лотови на контаминирани јајца од Холандија се испорачани во јули во претпријатијата за прехранбена преработка на западот на Франција“, соопшти француското министерство за земјоделство.

Најчитани вести