Кризата „удри“ по куповната моќ на Италијанците

„Околу 69 отсто од семејствата во земјата укажуваат дека е намалена или влошена нивната куповна моќ“, се наведува во истражувањето, во кое што учествувале 1.200 домаќинства ширум Италија.

Според резултатите, 53 отсто од испитаниците навеле дека ги намалиле патувањата со автомобил за да заштедат на гориво, 68 отсто од нив ги намалиле трошоците за в кино и различни видови на забави, додека 45 отсто од испитаниците помалку трошат на вечерни излегувања.

Во јужниот дел на Италија, приходите по глава жител се пониски за разлика од Грција или Шпанија.