Балкан

Кризата во Украина не влијаела на Црна Гора

Кризата во Украина не влијаела на Црна Гора

Украинскиот бизнисмен Роман Денковиќ рекол дека кризата во неговата земја не влијае на инвестициите во Црна Гора.

Најпознатиот украински инвеститор во Црна Гора, Роман Денковиќ, смета дека кризата во Украина не влијае на неговите веќе започнати инвестиции.

„Ситуацијата во Украина е лоша и неизвесна, многу бизнисмени се внимателни и чекаат што ќе се случува понатаму. Знам некои мои сограѓани кои имале сериозни планови за инвестирање во Црна Гора, но привремено се откажаа и чекаат нештата да си дојдат на свое место“, рекол Денковиќ.