Кризен штаб: Најголемо излевање на Калиманци се очекува околу 20 часот, населението да се вклучи во правењето насипи

Од кризниот штаб повикаа итно да се евакуира населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница, пред се  во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип.

– Денес заедно со премиерот посетивме повеќе населени места во штипско, инаку се работи за браната Калиманци која започна со прелевање има доток на вода околу 280 метри кубни во секунда и сета таа вода ќе се слее во реката Брегалница. Значи во моментов започна прелевањето на браната и очекуваме некаде помеѓу 20 и 20:30 часот да бидат зафатен штипскиот регион и се очекува водостојот да се зголеми од метар до метар и половина и ги повикувам сите населени места по течението на р.Брегалница вклучувајќи ја и општината Виница, Штип, Чешиново-Облешево, Кочани и останатите општини да евакуираат до граѓаните итна евакуација пред се во приземјето каде што ќе направат евакуација на стари луѓе, потоа дислокација на вредни премети стоката, се со цел да се заштитиме од било какви евентуални жртви. Заначи повикуваме на итна евакуација на сите населени места по течението на Брегалница бидејќи очекуваме силен бран кој ќе дојде од браната, истакна министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб Миле Јанакиески.

Ситуацијата, како што рече тој, се следи будно и екипите ќе бидат на терен. Апелираше до месното население заедно со силите на МВР кои веќе се на терен да се вклучат и да помогнат при правење на насипи. Најголемиот удар како што нагласи тој, односно прелевање се очекува во периодот од 20 до 21 часот.