Кризен штаб: Од недела повторно дожд, најобилно во западните и јужните делови

Кооринативното тело информира дека во недела под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекуваат обилни врнежи на дожд. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

• градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
• градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
• градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
• градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
• континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
• ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
• сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
• припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
• возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
• Апел до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.