Кризниот штаб ги повика општините да помогнат во расчистувањето

Кризниот штаб кој беше формиран вечерва од Владата за справување со невремето ги повикува локалните самоуправи на преземање на активности кои се во нивна надлежност за чистење на патиштата до населените места во нивните општини и дејствување согласно планот за дејство во вакви околности.

Здравствените центри и екипи се во состојба на зголемена готовност, а екипи на МЕПСО вложуваат големи напори да го санираат дефектот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до дефектот според информациите има метар и половина снежни наноси.

Очекувањата се дека околу полноќ ќе биде отстранет дефектот кај Ресен и регионот ќе добие струја.