недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 15

„Кроација осигурување“ со нови услуги на македонскиот пазар

„Кроација осигурување“ оствари стратешка соработка со НЛБ Банка, преку која што ќе понуди неколку нови услуги на македонскиот пазар. Ова, меѓу другото, беше посочено на денешната прес конференција на Компанијата на тема „Зголемување на потенцијалот на „Кроација осигурување“ на македонскиот пазар“.

Croatia Osiguranje

Поврзани вести

„Кроација осигурување“ оствари стратешка соработка со НЛБ Банка, преку која што ќе понуди неколку нови услуги на македонскиот пазар. Ова, меѓу другото, беше посочено на денешната прес конференција на Компанијата на тема „Зголемување на потенцијалот на „Кроација осигурување“ на македонскиот пазар“.

Нови услуги од „Кроација осигурување“

На денешната прес конференција од Кроација Осигурување-Живот АД Скопје, најавија неколку нови услуги. Компанијата заедно со НЛБ Банка АД Скопје ќе отпочне стратешка соработка во делот на банко осигурувањето.

Од следниот месец Кроација Осигурување заедно со НЛБ Банка ќе нудат полиси за животно осигурување со кредитни производи на банката, под значително поволни услови за клиентите.

Освен ова, во втората половина од оваа година Кроациа Осигурување – Живот на пазарот ќе понуди нов производ, рентно животно осигурување, со кој на осигурениците во вториот пензински столб во моментот  на пензионирање ќе им понуди исплата на однапред дефинирани пензиски ануитети.

Инаку, освен програмот Сениор рентам компанијата најавува и Стипендиска рента, програм прилагоден за младите генерации.

Во делот на неживотното осигурување, компанијата Кроациа Осигурување – Друштво за неживотно осигурување, годинава креира нов пакет за домаќинско осигурување (Основен, Стандарден, Премиум) што е скроен за сите потреби, од најмал стан до најголемо живеалиште, со годишна премија што е прифалива за сечиј џеб.

Инаку, како што информираат од Компанијата, за само неколку месеци од пуштањето во продажба на овој пакет забележан е раст од 34 отсто на имотното осигурување.

Значителен пораст во сегментот на животното и во сегментот на неживотното осигурување

Кроациа Осигурување – Друштвото за животно осигурување минатата година ја заокружи со раст на премијата од 26, 49 отсто како лидер на пазарот за животно осигурување во Македонија.

Дури 47 отсто од полисите за животно осигурување во Македонија се потпишани со овој бренд. Инаку во првиот квартал од годинава овој бренд бележи значителен пораст од 34, 35 отсто во сегментот на класично животно осигурување и 15 отсто пораст на премијата за неживотно осигурување.

Во претходните две години Кроациа Осигурување помина низ трансформација која нас ни овозможи стабилно и одржливо темелно работење и создавање на нова синергија со членовите на Групацијата. Во иднина пред нас е амбициозен план на раст на приходите и профитабилноста како продолжување на процесот за изградба на пазарно ориентирана корпоративна култура. Со понатамошниот развој на нови производи и нови канали на продажба ќе излеземе во пресрет на потребите на клиентите, бидејќи наша цел е да бидеме достапен, брз и сигурен партнер, изјави Санел Волариќ, Претседател на Управата на Кроациа Осигурување.

Кроација Осигурување – Живот е првата финансиска институција во Република Македонија која се сертифицираше со сертификат 9001:2015 одобрен од Lloyd Registar LRQA. Како што посочуваат од компанијата, ова претставува уште една придобивка за осигурениците, од аспект на добивање на прецизна, квалитет на и стандардизирана услуга од оваа Компанија.

Најчитани вести