Кроација осигурување во ново седиште во Скопје

Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување на 1-ви март 2018 година, го отвора новото седиште во Скопје во деловниот објект „Елит Плаза“, зад Универзалната сала.

Модерните простории се приспособени да одговорат на потребите на граѓаните кои ги користат услугите од портфолиото на Кроација осигурување во сегментот на неживотно осигурување, како и да добијат информации за која било од услугите на компанијата.

Инвестицијата во новото седиште произлегува од определбата на компанијата да се максимизира достапноста на услугите за осигурениците, да се зголеми нивното задоволство и да се оптимизираат деловните процеси.

Покрај новото седиште, на располагање на граѓаните се и 25-те филијали на компанијата во 18 градови во Македонија. Полисите за осигурување на имот, автомобили, осигурување од незгода или патничко осигурување се достапни и во мрежата на над 50 лиценцирани застапници, 32 брокерски друштва и над 70 туристички агенции ширум земјата.