Кроење на лозјата и избор за најдобро вино за Свети Трифун

По повод верскиот празник Свети Трифун, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, во сабота со почеток во 09.00 часот, во н.м.Ајватовци во Општина Илинден, ќе се одржи традиционалното закројување на лозјата.

Симболичното закројување на лозовите насади ќе почне со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква.

Во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите во Општина Илинден, веќе втора година по ред, ќе се изврши и избор на најдобро произведено домашно вино. Изборот ќе го извршат членовите на здружението кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура – „Вински витези“.

Празникот Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозјата, има голема традиција во православното празнување. Манифестацијата на симболично закојување на лозјата во Ајватовци, според постарите жители од ова населено место, е наследена од нивните татковци и дедовци и влече корени во далечното минато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.