Крофт славеше на првата скокалница во Оберстдорф

Повторените обиди на организаторите во Оберстдорф да се одржат планираните ски-скокови на првата од популарните четири скокалници, конечно им успеа во текот на вториот ден.

Натпреварувањето помина во најдобар ред, а победник е Штефан Крофт кој забележа скокови од 136,5 и 129 метри, со што си ги зголеми шансите за пехарот како конечен победник на турнејата “Четири скокалници”.

Второто место го освои уште еден Австриец, Михаел Хајбек а како трет заврши Словенецот Петер Превц, кој во првата серија имаше одличен скок од 139,5 метри, но потфрли во втората со скок од само 125,5 метри.

Следната етапа е во Гармиш Партенкирхен на 1-ви јануари, а потоа следуваат и натпреварите во Инсбрук и Бишофсхофен.