Кројф импресиониран од Германија и Тони Крос

Легендарниот репрезентативец на Холандија, Јохан Кројф призна дека е најмногу импресиониран од играта на Германија и од играта на одличниот играч за врска, Тони Крос.

“Крос е фантастичен фудбалер, вистинска реткост. Се прави како што треба, додава во вистинскиот момент, ја следи играта на своите соиграчи, делува сконцентрирано од првиот до последниот судиски свиреж. Игра совршено. Најмногу сум импресиониран од играта на Германија. Импресионирам сум од нивните додавања, од освојувањето на противничката половина, од кристењето на слободниот простор и од комуникацијата со голамнот. Играат совршено, без дилема Германија го игра најубавиот фудбал во Бразил”, изјави Кројф.