Кројф: Со Суарез во тимот, Барселона ќе го има најдоброто напаѓачко трио во светот

Според легендата на холандскиот фудбал, Јохан Кројф, Луис Суарез е човекот кој ќе го извади најдоброто од Лионел Меси и Нејмар.

88 милиони евра вредното летно засилување од Ливерпул сеуште нема настап за Барселона, како резултат на неговата 4-месечна суспензија поради гризењето на Џорџо Кјелини на мечот помеѓу Италија и Уругвај.

Како и да е, Кројф истакна дека со појавувањето на Суарез на теренот, Барселона ќе ја добие потребната искра која недостасува за да се создаде најдоброто напаѓачко трио во светот.

suarez

“Можеби со присуството на Суарез ќе се подобри и поврзаноста на Меси и Нејмар” – нагласи почесниот претседател на Барселона.

“Понекогаш е тешко да се постигне погодок кога покрај себе го имате Меси, па потребно е да знаете и да асистирате, а Суарез го може токму тоа”.

Кројф потенцираше дека е задоволен од тоа како Каталонците ја започнаа сезоната, особено што играат без нивното најскапо засилување.

“Иако добро ја започнаа сезоната, има уште многу работа до славјето во Мај. Сепак, почеток со победи е многу битен чекор кон конечната цел”.