„Крокодилот“ Мнангагва официјално стана претседател на Зимбабве

Емерсон Мнангагва ја положи свечената обврска во петокот како претседател на Зимбабве пред илјдници одушевени приврзаници на Националниот стадион во главниот град Хараре, со што и официјално е ставен крај на 37-годишното владеење на неговиот сопартиец Роберт Мугабе.

Во текот на полагањето на заклетвата, поранешниот 75-годишен шеф на безбедносната служба Емерсон Мнангвагва, познат по прекарот „Крокодил“ поради бруталноста и припадноста на истоимена жестока поранешна револуционерна групација, вети дека ќе ги спроведува уставните одредби на Зимбабве, и ќе ги заштити сите 16 нејзини милиони граѓани.

Мнангагва така стана само вториот претседател на Зимбабве, откако оваа африканска земја доби независност од британската колонијална управа во 1981 година.

Иако повеќето жители на Зимбабве го слават заминувањето на 93-годишниот Роберт Мугабе од политичката сцена, добар дел од нив се и загрижени за иднината на земјата под Мнангагва, чие именување за шеф на државата го поздравија Лондон и Вашингтон.

Особено се доведува во прашање неговата улога во ткн „Масакрот Гукурахунда“ во Матабелеланд од 1983 година која Петтата бригада којашто ја обучувале воени стручњаци од Северна Кореја во задушувањето на отпорот на племињата против Мугабе убила според процените 20.000 луѓе.

Мнангагва негира учество во овие ѕверства и по враќањето во Зимбабве, од каде побегна и две седмици се криеше во странство, проповедаше демократија, толеранција и почитување на владеењето на правото.

„Луѓето проговорија. Гласот на народот е глас на Бога“, рече Мнангагва обраќајќи им се на илјадниците приврзаници во средата пред седиштето на владејачката партија ZANU-PF, којашто минатиот викенд од челното место во партијата го смени Мугабе.

Грубиот однос на војската кон луѓето кои беа приврзани на Мугабе, на пример поранешниот министер за финансии Ингатиус Чомбо е хоспитализиран по ќотекот кој го претпрел во воен притовр како што изјави неговиот адвокат, не ја намалува загриженоста во поглед на вистинското разбирање на демократијата од страна на Мнангагва.

„Тоа е брутален и строг начин на постапување со политичките ривали“, изјави адвокатот на поранешниот министер.

Мугабе, кој беше најстариот претседател на свотот, поднесе оставка во вторникот кога парламентот требаше да го отповика од должноста и по притисоците од странство, една седмица откако одби да се повлече и војската ја презема власта.

Мнангагва во говорот на Националниот стадион вети дека ќе го задржи статусот на неговиот претходник Мугабе како „воен херој“ и е му обезнеди нему и на неговото семејство „максимална безбедност“, пренесува државниот весник Herald news.

Мнангагва е поранешен близок соработник Мугабе, но поранешниот претседател на почетокот на месецов го разреши од функцијата потпретседател под обвинение за „нелојалност“, откако влезе во отворен конфликт со неговата сопруга Грејс Мугабе.

И додека едни го поддржуваа само поради мислењето дека е подобар кој и да е само не Мугабе, други нагласуваат дека со децении му бил лојална десна рака на поранешниот претседател, се додека Мугабе не го смени минатиот месец.

Таа смена предизвика неочекувана интервенција од војската, која го поддржува Мнангагва, затоа што не дозволуваа Мугабе да биде наследен од неговата сопруга Грејс.

Тој, исто така, вети дека ќе создаде работни места во земјата, каде што невработеноста е главното прашање.

„Ние сакаме да ја развиваме нашата економија, сакаме мир, сакаме работа, работа, работа“, ѝ порача Мнангагва на толпата во Хараре.