Балкан

Кронер цајтунг: Дали Хрватска е новата Грција во ЕУ?

Кронер цајтунг: Дали Хрватска е новата Грција во ЕУ?

Најмладата членка на Европската унија, Хрватска покрај Грција, е најголем повод за загриженост во Унијата, оценува виенски Кронер цајтунг, пренесува МИА.

Весникот наведува дека Хрватска е задолжена околу 90 отсто од БДП и оти во таа држава бирократијата и судството го прават животот на фирмите и инвеститорите многу тежок.

Кронер цајтунг вели дека стапката на невработеност е 20 отсто, Хрватска има најниска стапка на апсолвенти на факултети во Европа и веќе шеста година е во рецесија, што во ЕУ и „успеа“ само на Грција.

Загриженоста на ЕК е оправдана, оценува весникот и додава дека се неопходни реформи, но кои не може да се очекуваат од актуелната влада поради парламентарните избори што треба да се одржат најдоцна во јануари.