Бразил2014,Спорт

Крос: Германија мора да ја освои светската титула

Крос: Германија мора да ја освои светската титула

Репрезентативецот на Германија, Тони Крос ја подгреа атмосферата пред денешниот 1/4 финален дуел против селекцијата на Франција со изјавата дека Мундијалот во Бразил ќе биде дефиниран како успешен за репрезентацијата на Германија само доколку победничкиот пехар заврши кај популарните “панцири”.

„Влегуваме во завршницата, а таму секогаш е најинтересно, највозбудливо. Наша цел е светската титула и се освен освојување на трофејот за нас нема да биде успех. Сега треба да ги направиме најважните чекори кон врвот. Знаеме дека Франција е голема селекција, со одлични поединци, а овојпат имаат и одличен тимски дух, што не ги красеше во минатото. Ќе ни биде многу тешко, но свесни сме за тоа. Ќе се обидеме да ја контролираме играта, да ја имаме топката многу повеќе во свој посед и се надеваме на најдобро“, вели еден од главните креатори во играта на германската фудбалска репрезентација”, изјави фудбалерот на Баерн (М).