Спорт

Крос не потпишал пред-договор со Реал (М)

Крос не потпишал пред-договор со Реал (М)

Сензационалната информација дека репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Баерн (М), Тони Крос веќе има потпишано пред-договор со новиот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), експресно е демантирана и од агентот на одличниот играч за врска, Волкер Штут.

„Не постои никаков пред-договор со Реал (М) или со некој друг клуб. Јас не сум разговарал со челниците на Реал (М). Станува збор за новинарска шпекулација и за ништо повеќе. Мојот клиент е во Бразил. Целосно е фокусиран на Мундијалот во Бразил, фокуисран е само на Германија. Официјална информација, официјална изјава ќе добиете само кога ќе заврши Светското првенство во Бразил”, изјави агентот на Тони Крос.