Крос презадоволен од својот деби настап во Шпанија

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадри Тони Крос, изјави дека е презадоволен од својот деби настап во шпанското првенство.

Европскиот шампион успеа да слави против ривалите од Кордоба со 2:0, а фудбалскиот репрезентативец на Германија беше на теренот во целиот дуел.

Токму Крос го овозможи погодокот на Французинот Бензема, за 1:0 предноста на мадриѓаните.

„Уживав на фудбалскиот терен. Оваа победа е важна. Првиот дуел во натпреварувачката кампања е интересен, а успеавме и да славиме“, вели Крос за медиумите од Шпанија.

„И досега натпреварите беа интересни, во следната рунда ќе се обидеме да победиме и против Реал Сосиедад на гостински терен“, додава фудбалерот кој со Германија ја освои шампионската титула на Светското првенство во Бразил.

Крос на „Сантијаго Бернабе“ се пресели од Баерн Минхен, за што фудбалскиот тим од Мадрид издвои 30 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.