Крос продаден на Реал (М)

Ако им се верува на шпанските медиуми, тогаш репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Баерн (М), Тони Крос, веднаш по завршувањето на Мундијалот во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на новиот европски клупски шампион, Реал (М).

Од продажбата на одличниот играч за врска, раководните лица на баварскиот гигант очекуваат заработувачка од најмалку 30 мил. евра, а со потпишувањето на понудениот 5-годишен договор, Крос ќе си обезбеди фиксна годишна заработувачка од 6.5 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.